Активности

Петок, 22 февруари 2019 година

Јавна расправа за економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Северна Македонија одржа јавна расправа на тема: „Економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот во Република Македонија“. 

Свое обраќање на јавната расправа имаа: Џон Илија Апелгрин и Јанаки Митровски од НВО Билка; Емилија Котевска од Медицинскиот центар Неуромедика; д-р Аспазија Софијанова од Клиниката за детски болести; Давор Ангеловски, претставник од граѓански сектор; д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија; проф. д-р Силвана Манасиевска-Симиќ од Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје; Ѓоше Стефков од Фармацевтскиот факултет – Скопје; Филип Секулоски од НВО Бивиум; Филип Аврамчев од ЛДП; пратеничките Маја Морачанин, Мирсада Емини-Асани и Катерина Кузмановска; д-р Дејан Гацов; проф. д-р Зоран Димов од Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје и Гордана Трендовска-Серафимовска, претставник од Реплек фарм.

Притоа беа истакнати разни мислења за економските и здравствените придобивки од канабисот, неговата употреба во земјоделството и индустријата, потребата од соодветни законски измени за подобро регулирање на оваа материја, препораки и соодветно образование на потребни кадри. 

Click