Активности

Четврток, 31 октомври 2019 година

Јавна расправа за спроведување на Законот за локална самоуправа во однос на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво

Комисијата за локална самоуправа, во рамките на  вчерашната Трета седница, одржа јавна расправа на тема: „Спроведување на Законот за локална самоуправа во однос на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво (членови 41 и 55)“.

Во врска со дневниот ред, на Јавната расправа  беа поканети и присуствуваа  пратениците на Собранието, министерот за локална самоуправа заедно со директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа,  министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во  Република Северна Македонија, директорите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, претставник на Народниот правобранител, директорите на ЗЕЛС, директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, градоначалници на единиците на локалната самоуправа во кои се формирани или не се формирани Комисии на односи меѓу заедниците: заменик градоначалникот на Град Скопје, градоначалникот на Куманово, градоначалникот на Струга, и претставници од единиците на локалната самоуправа: Македонска Каменица, Гостивар, Маврово и Ростуше, Пробиштип, Сопиште, Тетово, Чаир, Чашка, Бутел,   претставници на меѓународни организации во Република Северна Македонија, на ОБСЕ, Делегацијата на ЕУ, Совет на Европа, УНДП, УСАИД, НДИ, претставници на граѓанскиот  сектор од оваа област, невладини организации, Македонски центар за меѓународна соработка  , Институт за развој на заедниците – Тетово ИРИ,  Институт за демократија Социетас Цивилис – Скопје,  Здружение за демократски иницијативи АДИ,  Асоцијација за демократски развој на Ромите, претставници на здруженија на граѓани и други.

Како производ на Охридскиот рамковен договор, Комисиите за односи меѓу заедниците (КОМЗ) требаше да гарантираат граѓаните што живеат како малцинство во рамките на општината да не бидат маргинализирани и да ги уживаат своите права загарантирани со Уставот. Овие Комисии претставуваат единствена институционална рамка за дијалог меѓу заедниците на локално ниво.

Јавната расправа во однос на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво беше организирана  како своевиден надзор над спроведување на Законот за локална самоуправа во однос на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво (член 41 и член 55 ) и  имаше за цел да се добијат сознанија за досегашната примена на овие членови, како и да се донесат  препораки за подобрување на работата на локалните комисии за односи меѓу заедниците преку подигнување на јавната свест за улогата на локалните комисии и зајакнување на односите меѓу централна и локална власт зa прашања од меѓуетничка природа.

На оваа седница имаше бројни прашања кои се појавија изминатите години при работата и функционирањето на КОМЗ и одговори на повеќе дилеми. Во расправата се идентификувани тесните грла и дадени се добри законодавни и институционални препораки.

Комисијата за локална самоуправа на наредна седница, врз основа на расправата и  печатениот текст од аудиозаписот, ќе усвои соодветни заклучоци и препораки кои ќе се достават до Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС и други релеванти фактори по ова прашање. 

Click