Активности

Петок, 4 мај 2018 година

Комисијата за култура донесе Одлука за одржување надзорна расправа за статусот на Охридскиот регион

Комисијата за култура на денешната 13. седница едногласно ја донесе Одлуката за одржување надзорна расправа за статусот на Охрид и Охридскиот регион како светско природно и културно наследство.

На надзорната расправа ќе бидат поканети сведоци од различни државни органи, научни институции, јавни претпријатија и невладини организации да дадат искази и одговори во врска со практичната примена на законите и подзаконските прописи кои се однесуваат на управувањето со Охридскиот регион како светско природно и културно наследство. На овој начин се очекува Комисијата за култура да добие релевантни информации, мислења и појаснувања во врска со имплементацијата на легислативата и состојбата во која се наоѓа овој значаен природен и културен регион заштитен од УНЕСКО.

Датумот, времето на одржување и листата на учесници на надзорната расправа ќе бидат дополнително утврдени, согласно Законот за Собранието на Република Македонија и чекорите за одржување надзорна расправа.

Click