Активности

Понеделник, 27 август 2018 година

Конгресмени на САД на средба со собраниски комисии

Делегацијата од Конгресот на САД, оствари средби со претставници на дел од комисите во Собранието на Република Македонија. На средбата, на која присуствуваше и претседателот на Собранието и претседател на Комисијата за уставни прашања Талат Џафери, конгресмените Дејвид Прајс и Дина Титус изразија задоволство  од позитивниот развој на настаните и придвижувањето на евроатлантските интеграции. 

Од македонска страна, беа презентирани преземените чекори во насока на подобрување на односите со соседите, како и реформската агенда на Собранието во измените на законската регулатива која ќе овозможи силен парламентарен надзор, имплементирање на етичкиот кодекс за пратениците, како и за можноста за измени на изборниот закон.

Присутните се согласија дека соработката меѓу Конгресот на САД и Собранието на Република Македонија треба да продолжи со уште поголем интензитет во иднина, особено во светло на претстојното членство во НАТО на Република Македонија.  

Click