Активности

Вторник, 28 август 2018 година

Конгресмените на САД на средба со Парламентарниот институт и невладиниот сектор

Конгресмените на САД денеска оставија средба со Парламентарниот институт и со претставниците на невладиниот сектор. Златко Атанасов, на почетокот ги запозна со начинот на работење и задачите на Парламентарниот институт, кој има широк мандат и одговорна работа. 

Парламентарните информации ѝ припаѓаат на јавноста и Парламентарниот институт има визија за отвореност. Во фокусот сега е функционирањето на Собранискиот канал. Атанасов потенцираше дека е значајна осоработката со НВО секторот да се продлабочи и да се користат нивните информации и сугестии во законодавниот процес. Она што недостасува е систем на кариерен развој, бидејќи, немотивирани, луѓето заминуваат.  

За конгресменот Прајс ова е импресивно искажување и во недостаток на административен персонал и асистенти, очигледно Институтот пополнува некои празнини.

Претставниците на невладиниот сектор, истакнаа дека овој парламентарен состав има поизразена политичка волја за реформи од порано, Собранието е поотворено за соработка, како позитивен момент беше истакнато формирањето на Младинскиот клуб со одлука на претседателот на Собранието, а, како што посочија, соработката со Собранието е нешто ново за нив, бидејќи претходно не биле канети за дебата за некои закони. 

Невладините укажаа на потребата од финансиска независност на законодавниот дом, обезбедување на Собранието, воведување на нови технологии, отворање и функционирање на канцелариите за пратеници, обука на пратениците за лицата со попреченост и маргинализираните групи, отворени листи за поквалитетен парламентарен состав, реформи кои ќе донесат одговорност на пратениците пред граѓаните, а не пред политичките партии.

Конгресмените искажаа задоволство од големиот број на НВО кои соработуваат со Собранието и од напредокот кој е направен за краток период. Ја истакнаа поддршката и продолжување на соработката за поголема независност и транспарентност во функционирање на Парламентот. 

Click