Активности

Среда, 20 ноември 2019 година

Културата најсилно ги поврзува народите меѓусебе

Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата, предводена од претседателот Џевад Адеми денеска оствари средба со Жан Крабал, парламентарен генерален секретар на Франкофонијата. 

На средбата беа присутни Весна Дамчевска-Илиевска, прв потпретседател на Секцијата и членовите: Лидија Тасевска, Снежана Калеска-Ванчева, Никола Попоски и Панче Иванов. Франкофонската делегација беше составена од Жан-Шарл Луперто, белгиски пратеник и шеф на Мисијата Европа на Парламентарното Собрание на Франкофонијата (ПСФ), Емануел Мори, административен генерален секретар на ПСФ и Фатмир Леци, советник во Мисијата Европа, мрежа на жени парламентарки на ПСФ.

Претседателот Адеми ги истакна активностите од формирањето на Секцијата од 2001 година, редовните учества на седниците, средбите и семинарите. 

Притоа упати благодарност за 19 годишната франкофонска поддршка на Собранието преку програми за изучување на францускиот јазик за Службата и пратениците, зголемување на библиотечниот фонд, собраниската интернет страница на француски јазик, како и понатамошно продлабочување на таа соработка во секоја сфера.

Потпретседателката на Секцијата, Дамчевска-Илиевска рече дека Франкофонијата ги зајакнува и билатералните односи меѓу земјите-членки, пријателските ноти, заедничките мотиви и предизвици.

Учеството во Парламентарното Собрание на Франкофонијата претставува значително искуство за нас, нашите земји и демократијата-посочи Тасевска.

Снежана Калеска-Ванчева, повика на конзистентна соработка на сите полиња во текот на наредниот период меѓу кои: развојот на демократијата и културата, бидејќи таа најсилно ги поврзува сите народи меѓусебе.

Додека за пратеникот Попоски, Франкофонијата е повеќе од јазик, филозофија, начин на живеење, кој побара демократизацијата на јазикот да не биде врзана со наметнување.

Иванов, се фокусираше на двата постулати на Франкофонијата: демократијата и мирот и промоција на францускиот јазик. Во однос на првиот постулат посочи дека ние сме лидери на Балканот според нашите заложби за мир и фактор за стабилност во Регионот.

Крабал посочи дека Франкофонијата неможе да направи се, но парламентите може да придонесат во промоција на францускиот јазик бидејќи тој е избор на парламентарните политики.

Луперто додаде дека Франкофонијата е исклучителен инструмент кој одлично се движи, притоа целата е францускиот јазик да биде дел од европските институции, притоа адресирајќи ја одговорноста на Парламентите бидејќи тие го прават изборот за изучување на јазиците.

Емануел Мори ја сподели загриженоста за местото што го има францускиот јазик моментално во образованието, не именувањето на нови членови од министерствата во Националната комисија на Франкофонијата од 2007, како и немањето на официјален документ за јазично партнерство за долгорочно изучување на јазикот, по примерот на соседна Албанија.

На крајот од средбата, Адеми се заблагодари за колективната динамика на оваа Секција, разноликоста и еднаквоста на родовите, на која за гостинот Крабал упати позитивна забелешка за повеќе партиската определба и родовата рамноправност. 

Click