Активности

Среда, 16 октомври 2019 година

Oдбележан 15 Октомври - меѓународниот ден на Белиот стап

По повод одбележување на 15 Октомври - Mеѓународниот ден на Белиот стап - симболот на слепиот човек, во посета на Собранието на Република Северна Македонија беа претставници од Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје. 

Во рамки на посетата, беше одржана средба со двајца пратеници во Собранието, потпретседатели на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни способности.

Дополнително, преку обиколка на законодавниот дом реализирана од професионален водич од Парламентарниот институт, гостите имаа можност да се запознаат со историјата и архитектурата на парламентарната зграда, како и да добијат подетални информации за организацијата и работата на Собранието.

На присутните им беа поделени и информативни материјали на Брајово писмо, изработени од страна на Институтот.

Собранието на Република Северна Македонија во континуитет презема активности за промовирање на култура на отвореност на законодавната власт преку вклучување и информирање на сите категории граѓани и здруженија, како и разгледување на можностите за идна соработка.

Click