Активности

Понеделник, 23 септември 2019 година

Одбележан 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик

По повод одбележување на 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик, Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонија, во соработка со Националниот сојуз за глуви и наглуви лица, организираше тркалезна маса на која се разговараше за можностите за соработка помеѓу Собранието и Националниот сојуз.

На тркалезната маса учество земаа тројца пратеници членови на Интерпартиската парламентарна група за лица со посебни способности од Собранието и претставници од сите 17 општински организации кои членуваат во Националниот сојуз.

Настанот беше искористен и за презентација на активностите кои Парламентарниот институт ги има преземено, а се наменети за ранливите категории на граѓани, со посебен акцент на глувите и наглувите лица.

Пред присутните беа споделени и постери со знаковен јазик, кои претставуваат нови едукативно-информативни материјали изработени од страна на Институтот.

Собранието на Република Северна Македонија во континуитет презема активности за промовирање на култура на отвореност на законодавната власт преку вклучување и информирање на сите категории граѓани и здруженија, како и разгледување на можностите за идна соработка.

Click