Активности

Вторник, 19 ноември 2019 година

Одржано Регионалното собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата

Од 14 до 15 ноември 2019 година во Делемон, Швајцарија, се одржa Регионалното собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која учествуваa г. Џеват Адеми, претседател и г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

На учесниците на оваа Конференција им се обратија г. Жан-Пол Вал, шеф на Мисијата Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), г. Пјер Андре Конт, претседател на Секцијата на Јура во ПСФ, г. Давид Ере, министер и претставник на Владата на Јура, г. Габриел Вуарол, претседател на Парламентот на Јура и други личности и експерти.

Ова регионално собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата беше организирано во две панелни дискусии. Централна тема на првиот панел беше Правото на самоопределување на народите како правна норма:состојбата во Европа, додека централна тема на вториот панел беше Дирекната демократија и граѓанската иницијатива во законодавниот процес. 

Во текот на оваа собрание членовите на македонската Делегација остварија повеќе средби и контакти, како и корисна размена на мислења со парламентарци и официјални личности од повеќе земји кои беа присутни на овој настан. Во тие рамки се разменуваа мислења за најактуелните случувања на меѓународен план, а во контекст на јакнењето на билатералната и мултилатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и земјите, регионите и институциите-членки на Франкофонијата.

Click