Активности

Четврток, 14 март 2019 година

Општество ослободено од корупција мора и е наш приоритет

Делегација на Поткомитетот за транзиција и развој на Парламентарно Собрание на НАТО денеска одржа тркалезна маса заедно со членовите на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО, Комисијата за надворешна политика, Комисијата за одбрана и безбедност и координаторите на Пратеничките групи.

Тема на дискусија беше: „Политичката ситуација во земјата, регионалните односи, економски реформи и односи со НАТО“.

Шефот на собраниската делегација во ПС НАТО, Илија Димовски, во своето воведно излагање посочи дека оваа посета е во значаен политички момент за државата, во процес на ратификација на протоколите за полноправно членство во НАТО, како и одлична можност колегите парламентарци да влијаат во своите земји за што побрза ратификација, а Собранието од своја страна ќе ги направи сите процеси околу реформите во безбедноста, за да ги исполни барањата на НАТО. 

Аушрине Армонаите од Литванија, известител од делегацијата на Поткомитетот за транзиција и развој, посочи дека денеска е важен момент кога литванскиот Сејм го ратификуваше протоколот за рамноправно членство на Републиката во НАТО, но и за нив како земји членки на Алијансата, да научат повеќе за државата, нејзините цели и предизвици.  

Оваа посета е мисија за откривање на фактите за економската и политичката ситуација во земјата, рече Армонаите, додека Собранието има направено огромна работа, големи реформи кои се предуслов за членство во НАТО, но и подобрени односи со соседите, Договорот од Преспа и решавање на прашањето со името се чекор напред за членство во НАТО и ЕУ.

Партиципентите на тркалезната маса разменија мислења по прашањата за борба со корупцијата, економската и политичката ситуација во земјата, реформите во правосудството и друг пакет реформи и предизвици.

Потпретседателот на Собранието, Весел Мемеди, истакна дека корупцијата е светска појава и секоја земја се бори сама и ги користи најдобрите начини за справување, но нејзино целосно искоренување е тешко и за земјите со висок степен на развој. Изминатиов период на оваа поле во Собранието направени се низа законски измени, формирана е Државната комисија за спречување на корупција, доделени се овластувања за проверка и контрола во функција на справување со корупцијата.

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Хари Локвенец, рече дека Владата изготви стратешки документи за борба со корупцијата, тероризмот и радикалниот екстремизам, во процедура се и измените на Законот за јавно обвинителство, како нова форма на функционирање на обвинителството за гонење на висока корупција.

Потпретседателот Осман Аскин Ва од Турција, го поттикна прашањето за економскиот развој на земјата и како истиот да се подобри, на што собраниската потпретседателката, Фросина Ташевска-Ременски кажа дека политичката ситуација во државата донесе динамизација на реформските процеси, а Договорот за пријателство со соседна Бугарија и Договорот од Преспа ги отворија вратите на економскиот раст на државата во сфера на енергетиката, туристичката размена, регионалната безбедност.

Претседателката на Комисијата за надворешна политика, Магдалена Манаскова, рече дека корупцијата е голема закана во сите сегменти на општеството и не сме имуни ниту ние, ниту земјите членки на ЕУ. Но, општество ослободено од корупција, мора да биде и е наш приоритет. Како дел од опозицијата, упати и забелешки по неколку прашања во однос на носењето реформски закони по скратена постапка, околу изборот на Антикорупциска комисија и селективната примена на правдата.

Известителот Армонаите попладневната сесија ја заокружи со неколку клучни поенти за земјата, во периодот на транзиција кон НАТО и ЕУ, кои се најважни во насока на стабилноста - постоењето на политички консензус на позицијата и опозицијата за соработка, како и политичка волја да се спроведуваат рефо