Активности

Среда, 9 мај 2018 година

Oсумнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија на 18. седница, одржана на 4 мај 2018 година, како заинтересирано работно тело, го разгледа Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година, во делот на транспортот, врските и екологијата.

Во дискусијата по Извештајот учествуваа пратениците: Никола Мицевски, Реџаиљ Исмаили, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Благојче Трпевски, Слаѓана Митовска и Лилјана Затуроска. 

На крајот, Комисијата едногласно го донесе следниот заклучок:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија како заинтересирано работно тело го разгледа Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година, во делот на транспортот, врските и екологијата, со констатација дека Извештајот реално го претставува напредокот на Република Македонија и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа со изнесените предлози, сугестии и мислења изнесени на седницата на Комисијата.
Click