Активности

Вторник, 3 април 2018 година

Отворен ден во Собранието

Во поддршка на отвореноста на законодавната власт, Собранието на Република Македонија, на 30 март 2018 година, организираше Отворен ден во Собранието.

Вкупно 238 посетители, организирани во три групи, имаа можност да слушнат за улогата на законодавната власт, да ги видат: пленарната сала, салите на работните тела, како и свечените и протоколарните простории.

Дополнително, по барања од училишта, градинки, факултети, во текот на месец март, Собранието го посетија 172 посетители.

Click