Активности

Среда, 28 ноември 2018 година

Парламентарен форум за Југоисточна Европа на тема „Енергетска ефикасност и клима“

Пратениците Хари Локвенец, Далибор Богдановски, Ристе Ташев, Лилјана Затуроска, Слаѓана Митовска, Панчо Минов и Реџаиљ Исмаили, учествуваа на Вториот парламентарен форум за Југоисточна Европа на тема „Енергетска ефикасност и клима“, организиран од страна на Отворениот регионален фонд на GIZ за Југоисточна Европа – Енергетска ефикасност.

Во фокус на овогодинешниот форум се размената на најдобри парламентарни практики за енергетска ефикасност во Југоисточна Европа и креирањето политики за намалување на енергетската сиромаштија во регионот. 

Настанот го отвори пратеникот Локвенец кој посочи дека сите пратеници од Регионот мора да вложат дополнителни напори со цел исполнување на стандардите и критериумите кои ги налага ЕУ во поглед на ефикасното постапување и искористување на енергијата, како и заштитата на климата. 

Во своето обраќање, пратеничката Митовска посочи на мерките кои ги спроведува Република Македонија во поглед на субвенционирањето на трошоците за струја наменети за социјално загрозените семејства, додека пак пратеничката Затуроска го повика Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање да спроведе студија со која ќе се утврди колкав број од македонските домаќинства се погодени од енергетската сиромаштија.

Свое излагање имаше и пратеникот Панчо Минов, кој посочи дека нашата земја мора да ги црпи искуствата од Регионот кога е во прашање подобрувањето на енергетските карактеристики на згради, како на централно, така и на општинско ниво.  

Click