Активности

Вторник, 3 април 2018 година

Петнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 15. Седница, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставник присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Горан Сугарески.

Претседавачот на Комисијата, г. Диме Велковски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Комисијата за транспорт, врски и екологија без дискусија, го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието.




Click