Активности

Четврток, 10 ноември 2017 година

Петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на петтата седница, одржана на 10 ноември 2017 година, како матично работно тело, го разгледа Нацрт - просторниот план на Источниот плански регион 2013 – 2030.

На седницата на Комисијата присуствува: Повереникот на Владата на Република Македонија Неби Реџепи - раководител на сектор во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Гаџовски - координатор за изработка на Нацрт - просторниот план на Источниот плански регион 2013 – 2030, Соња Георгиева Депинова и Душица Трпчевска Анѓелковиќ од Агенцијата за планирање на просторот.

Неби Реџепи и Дејан Гаџовски ја образложија потребата од донесување на Нацрт - просторниот план на Источниот плански регион 2013 – 2030.

Во дискусијата учествуваа пратениците: Лилјана Поповска, Илија Димовски, Диме Велковски, Никола Мицевски, Јагода Шахпаска, Татјана Прентовиќ, Мира Стојчевска и претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија Лилјана Затуроска.

На крајот од расправата, Комисијата со 8 гласа ,,за” и еден глас ,,воздржан” му предложи на Собранието на Република Македонија да го усвои следниов Заклучок:

  1. Собранието на Република Македонија го разгледа и го утврди Нацрт - просторниот план на Источниот плански регион 2013 – 2030.
  2. Овој заклучок, да се достави до Владата на Република Македонија и до Министерството за животна средина и просторно планирање.
Click