Активности

Среда, 22 ноември 2017 година

Почеста размена на искуства за економските политики и продлабочување на националните економии 

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија оствари средба со Пратеничката група за меѓупарламентарни односи со Република Македонија на Врховната Рада на Украина, во состав: г. Андриј Шињкович, претседател на Групата и членовите г. Михајло Кобцев и г. Роман Мацола.

Претседателката на Комисијата, г-ѓа Лилјана Кузмановска, во своето обраќање изрази задоволство за добрите односи со Украина и укажа дека тие ќе продолжат и понатаму, дека заложбите на новата влада се такви, особено во врска со економските  и трговски размени.

Таа зборуваше за рамниот данок и ги запозна гостите со работата на комисијата. 

Гостите ги запознаа членовите на Комисијата за финансирање и буџет со нивниот даночен систем.

Воедно укажаа дека почнале да спроведуваат повеќе економски реформи бидејќи во изминатиот период се соочувале со висок процент на сива економија и недоволно полнење на пензискиот фонд во Украина. 

Тие истакнаа дека реформите почнале да даваат резултати. 

Од двете страни беше потенцирана потребата од зголемена трговска размена помеѓу двете држави имајќи ги предвид добрите досегашни врски и економските потенцијали со кои располагаат Република Македонија и Украина.

Исто така, се изрази надеж од подлабока и поинтензивна соработка меѓу институциите на двете држави и во делот на парламентарната соработка почести контакти помеѓу членовите на надлежните комисии за буџет.

Двете страни се договорија за почеста размена на искуства за економските политики и за продлабочување на националните економии. 

Click