Активности

Понеделник, 17 декември 2018 година

ПОЧНАА СО РАБОТА КАНЦЕЛАРИИТЕ ЗА КОНТАКТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ СО ГРАЃАНИТЕ

Собранието на Република Македонија, заедно со единиците на локалната самоуправа веќе почнаа со отворање на канцелариите за остварување на контакт на пратениците со граѓаните на Република Македонија, со цел пратениците да бидаат се поблиску до граѓаните за да ги слушнат нивните проблеми, и истите да можат да ги пренесат до Собранието, а во исто време и до сите институции на државата. 

Собранието  заедно со единиците на локалната самоуправа имаат законска обврска да отворат канцеларии за остварување на контакт на пратениците со граѓаните, во тие изборни единици од кај се избрани, па така од можните 75 канцеларии, веќе се отворени 22 канцеларии на национално ниво. Отворањето на останатите канцеларии е во тек, каде веќе сме добиле позитивно мислење од 40 општини, а останатите општини работат активно на пронаоѓање на простор поради недостиг на соодветен простор.

Деловникот на Собранието на Република Македонија предвидува петоците да бидаат денови каде пратениците се обврзани да остваруваат контакти со граѓаните во овие канцеларии, и поради овој факт Собранието нема никакви активности во петок, за да можат директно да ги слушаат граѓаните за нивните проблеми. Овие пратенички канцеларии ќе бидат отворени и во останатите работни денови, од страна на асистентите на пратениците, каде се обврзани да ги евидентираат проблемите и маките презентирани од страна на граѓаните.

Институцијата Канцеларија за контакт на пратениците со граѓаните е многу значајна алатка за комуникација со електоратот, па така Собранието настојува и работи активно да ја зајакне ова многу значајна институција преку промена и дополнување на постоечките закони, Закон за Собранието и Закон за локална самоуправа, за да биде столб на приближување на пратениците со граѓаните во текот на целиот мандат.

Во исто време, преку ова соопштение, ги повикуваме граѓаните од сите шесте изборни единици, да ги посетат канцелариите за остварување на контакт на пратениците со граѓаните, за да можат нивните проблеми полесно да стигнат во Собранието и до сите институции на државата.

Click