Активности

Петок, 29 јуни 2018 година

Посета на Собраниска делегација од Косово

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија и Клубот на пратенички остварија поединечни средби со Собраниска делегација од Косово, предводена од г-ѓа Дуда Баље, претседателка на Комисијата за човекови права, родова рамноправност, исчезнати лица и петиции.

На почетокот претседателот на Комисијата, г. Фадил Зендели изрази задоволство за покажаниот интерес за оваа средба, оценувајќи ја како доста корисна во насока на размена мислења и искуства на заштита на човековите права меѓу двата парламента и државите.

Воедно тоја ја истакна добрата билатерална соработка, која во иднина треба да се продлабочи во повеќе полиња и преку други механизми како во регионалните и меѓународните структури.

Претседателката на Комисијата, г-ѓа Баље изрази задоволство од средбата, воедно ги запозна присутните со досегашната работа на косовската Комисија во поглед законските измени за верската слобода, заштита на децата, лицата со пречки во развој како и за родовата рамноправност.

Присутните разменија мислења и искуства во однос на прашањата за заштитата на човековите права и нивно унапредување, правата на лицата во притворите, помалку бројните етнички заедници, како и спроведување на препораките на Народнитот правобранител.

На средбата со Клубот на пратенички, координаторката Ѓулумсер Касапи, пред Косовската делегација го претстави членството од 45 пратенички во Клубот како неформално тело во Собранието на Република Македонија и веројатно по бројност најголема група во Регионот.

Од друга страна, г-ѓа Дуда Баље информира дека во Собранието на Косово се усвоени и донесени одлуки за учество од 30 до 50% на жените во политичките партии, а во Одборот на пратенички да учествуваат и мажи како битен фактор за решавање на прашањата за жените.

Косовската делегација покажа интерес за тоа како е уредено формално-правно функционирањето на Клубот на пратенички, што би било во корист на работењето на нивниот Одбор на пратенички.

Во тој контекст, стана збор за почетоците и начинот на работењето на Клубот, беа разменети искуства и добри практики во корист на уредувањето на родовите прашања, со цел подобрување на законската регулатива, поголема кохезија, мир и стабилност во регионот.

На крајот, присутните изразија задоволство од остварената средба и беа согласни дека би било од корист да се организира конференција за улогата на жените за мир на Балканот.

Click