Активности

Среда, 21 ноември 2018 година

Потреба од интензивирање на соработката меѓу Македонија и Кувајт 

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, Мухамед Зеќири, и членовите на Групата: Панчо Минов и Неџбедин Каремани, остварија средба со амбасадорот на Државата Кувајт за Република Македонија, Н.Е. Јакуб Алатеки.

Присутните изразија задоволство од средбата како можност за приближување и продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете пријателски земји, кои имаат Пратенички групи за меѓусебна соработка.

Амбасадорот Алатеки во својата прва посета на Република Македонија, реализира повеќе средби на различни нивоа, со цел размена на искуства, развивање на проекти и потпишување меморандуми за соработка од заеднички интерес, но и запознавање со капацитетите кои ги нуди нашата земја. 

Со оглед на тоа што досега немало многу меѓусебни средби на високо ниво, во иднина да се направат заложби ваквите средби да се интензивираат и да се засили соработката, пред сè во економскиот сектор. 

Пратеникот Зеќири, преку кувајтскиот амбасадор, упати покана до тамошниот Парламент за што поскора посета на Република Македонија и наиде на отвореност за возвратна посета. 

Click