Активности

Среда, 13 март 2019 година

Поздравно обраќање на претседателот Џафери во Сенатот на Романија

Денеска од страна на Сенатот на Романија се донесе едногласна одлука со 95 гласа за, во прилог на ратификацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

По гласањето, претседателот Џафери беше поканет на говорница на која се обрати со следните поздравни зборови:

„Почитуван Претседател на Сенатот,
Почитувани дами и господа Сенатори,
Ви благодарам за поканата да бидам денеска присутен на пленарната седница на Романскиот Сенат на чинот на ратификација на Протоколот за членство на мојата земја во НАТО. 

Уште еднаш, Романија ја демонстрираше својата посветеност, пријателство и поддршка кон Република Северна Македонија за остварување на нејзината евроатланска определба, овозможувајќи една кохерентност и заедничка иднина.​ Дозволете искрено да се заблагодарам од мое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на нашите граѓани, чест ни е што сте наши вистински пријатели и партнери.

Ви благодарам на вниманието!"

Click