Активности

Вторник, 19 ноември 2019 година, Белград

Пратеници од Собранието на првиот сертифициран „Курс за постзаконодавен надзор“

Пратениците Фадил Зендели, Зеќир Рамчиловиќ, Мирсада Емини-Асани, Шпреса Хадри и Сурија Рашиди, членови на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, од 18 до 20 ноември 2019 година, во Белград, учествуваат на првиот сертифициран „Курс за постзаконодавен надзор“ на ХУГЕН мрежата.

На овој курс учествуваат 55 пратеници и пратенички од земјите од Западен Балкан, претставници на парламентарните служби и граѓански организации.

Организатор на настанот е Вестминстер фондацијата за демократија, а предавачи се професори од Центарот за законодавни студии Сер Вилијам Дејл од Универзитетот во Лондон.

Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, за прв пат зеде учество на состанокот на ХУГЕН мрежата како член на Управниот одбор.

На состанокот учествуваа пратеници од осум парламенти од Западен Балкан, се усвоија Организацискиот документ и Акцискиот план октомври 2019 - октомври 2020 и се дискутираа идните активности и приоритети кои ќе се реализираат во соработка со Вестминстер фондацијата за демократија.

Click