Активности

Понеделник, 24 септември 2019 година

Пратеници во студиска посета на Соединетите Американски Држави

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, составена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието; Артан Груби, претседател на Комисија за европски прашања и Лилјана Кузмановска, претседателка на Комисија за финансирање и буџет, во придружба на Марија Саздевски од канцеларијата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Скопје, учествува во студиска посета на Соединетите Американски Држави (САД) фокусирана на антикорупција и транспарентност.

Во меѓународната делегација на студиската посета која се одвива во Вашингтон Д.Ц. и Индианаполис, Индијана од 16 до 26 септември 2019 година, исто така, учествуваат и пратеници од Албанија, Романија и Србија.

Студиската посета им овозможува на пратениците да се запознаат со антикорупциските норми и пракси, како и со стандардите за транспарентност кои се применуваат во извршната и законодавната власт во САД. Таа, исто така, придонесува пратениците да ги зајакнат билатералните односи со членови на американскиот Конгрес и  другите владини службеници на САД, како и истакнати антикорупциски експерти со цел подобрување на законски решенија за транспарентност и антикорупција.

Студиската посета ја организираше Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во соработка со Институтот за репрезентативна влада (ИРГ). Програмата е финансирана од Бирото за образование и култура на Стејт Департманот на САД и поддржана од Амбасадата на САД во Северна Македонија преку нејзината канцеларија за јавни работи.

Click