Активности

Вторник, 23 јуни 2020

Пратениците Китев и Попоски на видеоконференција на Мониторинг комисијата на ПССЕ

Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа одржа видеоконференција на 22 јуни 2020 година за спроведување на демократски избори во контекст на пандемијата на КОВИД-19, на која учествуваа членовите Бетиан Китев и Никола Попоски.

Дискусиите, во кои учествуваа и ескперти, се фокусираа на изборните услови, спроведување на изборниот процес, предизвиците на водењето на изборна кампања за време на пандемиската криза, како и процесот на донесување одлуки.

Покрај видеоконференцијата, беше одржан и состанок на Мониторинг комисијата на кој се разгледуваше Нацрт-извештајот за Црна Гора и беше усвоена Нацрт-резолуција, а беа разменети и ставови за последните случувања во Азербејџан и во Турција.

Click