Активности

Петок, 4 мај 2018 година, Рим

Пратеничката Прентовиќ презентираше Прилог за односите на Република Македонија со Организацијата за храна и земјоделство на ОН

Од 3 до 4 мај 2018 година во седиштето на FAO (Food and Agriculture Organization-Организација за храна и земјоделство на ОН) во Рим, Италија, се одржува Седница на Комисијата за соработка и развој на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), на која учествува г-ѓа Татјана Прентовиќ, пратеник и член на Делегацијата на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

На оваа седница се дебатираше за Дигиталната и економската франкофонија, Безбедноста на храната во земјите на франкофонскиот простор, Информатичка поддршка на земјоделството, Активностите на Француската агенција за развој, Активностите на Светската банка во областа на економскиот развој, Корупцијата во франкофонскиот простор, Следење на Економската стратегија на Франкофонијата, Примена на информатичките технологии во полза на одржливо земјоделство, Здравствените системи во франкофонскиот простор, Следење на меѓународните трговски преговори водени во рамките на СТО.

На учесниците на оваа седница им се обрати г. Жак Крабал, парламентарен генерален секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата, претставници на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, г. Монсеф Фолен, експерт за економија и одржлив развој во МОФ, г. Бенуа Шарет, известител од Канада, г. Ндула Тиам, известител од Мали  и бројни експерти.  

На седницата на оваа Комисија, г-ѓа Татјана Прентовиќ презентираше Прилог за односите на Република Македонија со Организацијата за храна и земјоделство на ОН (FAO) и финансирани проекти од оваа меѓународна организација во нашата земја.

Со оглед на тоа дека членот на Бирото на Секцијата, г-ѓа Татјана Прентовиќ, за прв пат учествувува во работата на оваа комисија на ПСФ, таа ги воспостави првите контакти со претставниците на секциите од Регионот Европа, Канада и Африка, со цел на продлабочување на парламентраната соработка меѓу Република Македонија и другите франкофонски земји, а особено со франкофонските земји членки на ЕУ и Канада, со цел истите да ја помогнат нашата земја за зачленување во евроатлантските структури.

Click