Активности

Среда, 21 март 2018 година, Брисел

Пратеничката Весна Дамчевска Илиевска на Парламентарно собрание на Франкофонијата

Пратеничката Весна Дамчевска Илиевска, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата учествува на Седницата на Комисијата за парламентарни прашања на ПСФ, што се одржува од 22 до 23 март 2018 година, во Брисел, Белгија.

На оваа седница се разгледуваат Предлог-извештаите на Парламентарното собрание на Франкофонијата кои ќе бидат усвоени на Годишната сесија на оваа меѓународна организација што ќе се одржи од 5 до 11 јули 2018 година, во Квебек, Канада:„Заштита на личните податоци во франкофонскиот простор", „Етичкиот код на Парламентите во франкофонскиот простор", „Претставување во парламентите на дијаспората во франкофонскиот простор", „Местото на парламентите во балансирањето на законодавната, судската и извршната власт со владата", „Програми за парламентарна соработка", „Програмата Нориа", „Мултилатералните програми за соработка".

Членовита на оваа Комисија ќе ги разгледуваат и Конвенциите на Парламентарното собрание на Франкофонијата со надворешните институции, Следење на Стратешката рамка на Парламентарното собрание на Франкофонијата, Подготовка на Мислењето на Парламентарното собрание на Франкофонијата за централната тема на 17. Самит на Франкофонијата: Да живееме заедно во солидарност, споделување на различни вредности и почитување на различноста како извор за мир, просперитет за франкофонскиот простор и други прашања поврзани за активностите на оваа меѓународна организација. 


Click