Активности

Четврток, 3 октомври 2019 година

Пратеничките Прентовиќ и Стојчевска во посета на Комисијата за земјоделство во Парламентот на Република Словенија

Во рамките на проектот Поддршка за развој на земјоделските задруги финансиран од ЕУ, пратеничките Татјана Прентовиќ и Мира Стојчевска, како членови на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во Собранието на Рерпублика Северна Македонија од 19 до 21 септември 2019 година остварија работна посета на Парламентот на Република Словенија. 

При посетата, пратеничките се сретнаа со поранешниот министер за земјоделство, а сега претседател на Парламентот на Република Словенија, м-р Дејан Жидан и со словенечките пратеници, членови на парламентарната Комисија за земјоделство. На состанокот присуствуваше и амбасадорката на Република Северна Македонија во Словенија, Сузана Зеленковска. 

Претседателот на Комисијата за земјоделство на словенечкиот парламент, Дејан Жидан нагласи дека словенечките институции и даваат целосна поддршка на Република Северна Македонија за реформите што ги спроведува во сите сегменти од општеството, како и за нашите заложби за почеток на пристапните преговори, и конечно зачленување во Европската Унија.

Пратеничките Прентовиќ и Стојчевска изразија голема благодарност за поддршката и надеж дека дипломатската соработка, како и традиционалната економска соработка помеѓу двете земји ќе продолжи и во иднина. Воедно беше понудена секаква помош во претстојниот период на нашиот пат кон ЕУ, за подготовки и реализирање на нашите проекти во предпристапниот период.

Целта на посетата беше согледување на позитивните искуства за создавање поволни услови за развој на постојните и создавање на нови земјоделски задруги, кои ќе придонесат за поголема продуктивност и пазарна конкурентност на земјоделскиот сектор и соработка помеѓу земјоделците во земјата. 

На средбата беше констатирано дека годишниот обрт преку соработката меѓу две земји изнесува над милијарда евра и дека постои можност за негово зголемување и зајакнување на двете економии токму  во областа на производството на храна. 

Click