Активности

Петок, 14 септември 2018 година

Пратеникот Амди Бајрам кандидат за претседател на европска ромска политичка партија 

Денеска, пратеникот Амди Бајрам во Собранието на Република Македонија оствари средба со делегација на Светската организација на Ромите, предводена од претседателот и амбасадорот за мир, Јован Дамјановиќ, заменик-претседателот Дејвид Романо и членот за европски прашања, Ивица Петровиќ.

Пратеникот Бајрам истакна дека Ромите во Македонија се конститутивен народ, влезени во преамбулата на Уставот, имаат свој Национален ден на Ромите, ги уживаат сите свои права и се пример за останатите држави.

На средбата присутните разменија мислења и искуство во насока на досегашните достигнувања  и напори за унапредување на човековите права на Ромите, правото на образование, вработување, економско и инфраструктурно развивање, културно и политичко учество, но и во сите останати сфери на општественото живеење во Македонија.

Амбасадорот Дамјановиќ изрази задоволство да се биде овде во демократска, пријателска држава која ги почитува националните и малцинските права и упешно ја имплементира меѓународната Конвенција за човекови права.

Го поздрави формирањето на ромската општина Шуто Оризари, каде и градоначалникот е од ромска припадност.

Претставникот на Светската организација на Ромите, предложи да се формира европска ромска политичка партија, со цел унапредување на ромските права не само во Македонија туку и во другите земји, која би работела со повисоки каузи, осигурување на почитување на тие права до крај, за да се избегне сегрегацијата.

А претставниците од околу триесетина земји на следниот Конгрес ќе треба да се изјаснат за предлогот на Светската огранизација на Ромите за кандидатот Амди Бајрам за претседател на европската политичка партија на Ромите.

Click