Активности

Вторник, 15 јануари 2019 година

Претседателката на ПС на НАТО го поздравува конечното усвојување на Уставното име во Скопје

Претседателката на Парламентарното Собрание на НАТО, Меделин Мун (Madeleine Moon) (Обединето Кралство), го поздравува усвојувањето на уставните амандмани од страна на Собранието во Скопје, со што се овозможи промената на официјалното име на земјата.  

„Би сакала да им честитам на владините и собраниските власти во Скопје за вчерашното усвојување на историските уставни измени кои ја водат нивната земја чекор поблиску до членството во НАТО“ изјави Мун. “ПС на НАТО се радува на целосната имплементација на Договорот од Преспа и брзото завршување на пристапните преговори со Скопје“.

„Преспа нуди позитивен модел за решавање на долготрајните билатерални спорови. Исто така, создава добредојден нов импулс за интеграцијата на Западен Балкан во НАТО и ЕУ. Како и досега, ПС на НАТО ќе продолжи да го поддржува овој процес и политиката на Отворени врати на НАТО“, додаде г-ѓа Мун.  

Преспанскиот договор од 17 јуни 2018 година, помеѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за прашањето на името и следните чекори за исполнување на аспирацијата на Скопје за членство во НАТО беа клучниот фокус на Рос-Рот семинарот организиран од НАТО во Скопје, неколку дена по склучувањето на договорот. На обраќањето на Годишната сесија на ПС на НАТО во Халифакс, Канада на 19 ноември 2019 година, претседателот Талат Џафери исто така го истакна значењето на Преспанскиот договор за неговата земја и соседната Грција: “Сите ние сме победници, затоа што отворивме пат на разумот да дојде до решение прифатливо за двете страни. докажавме дека кога се има волја, кога се има визија за иднината, сè се може”. 

ПС на НАТО, во соработка со Одделението за Јавна дипломатија ќе биде домаќин на работната посета на Делегацијата на пратеници од Скопје на 4-5 февруари. 

Click