Активности

Петок, 26 јули 2019 година

Презентирана Стратегијата за жените, мирот и безбедноста 

Комисијата за одбрана и безбедноста на Собранието на Република Северна Македонија вчера оствари средба со Тери Ен Велингтон од Секторот за политика на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

На средбата, покрај претседателот на Комисијата, Хари Локвенец, беа присутни и Фросина Ташевска-Ременски, потпретседателка на Собранието и членовите на Комисијата: Тања Ковачев, Благица Ласовска, Емил Димитриев, Нада Ципушева,  Весна Дамчевска-Илиевска, Иван Стоилковиќ, Татијана Лалчевска, Стојан Миланов и Чедомир Саздовски. Воено, беа поканети и членовите на двете собраниски комисии кои ги третираат заедничките теми од одбраната и безбедноста, како и безбедносните служби.

Централна тема беше прашањето за жените, мирот и безбедноста.

Претседателот Локвенец, во своето воведно обраќање ѝ посака топло добредојде на Велингтон во куќата на демократијата, Собранието на Република Северна Македонија. Во продолжение, тој информираше за досегашните достигнувања во оваа област, како и моменталната ситуација во државата, воедно посочи дека сите документи од оваа област донесени во Собранието се обезбедени со целосен консензус на пратениците од позицијата и опозицијата.

Во однос на Буџетот, 1.3% од БДП  е наменет за одбраната, со што ги задоволува условите на Вашингтонскиот договор од 2%. 

Инаку, државата активно учествува во мисиите во НАТО-алијансата и мисиите на Обединетите нации, а во насока на ратификацијата на Протоколот за пристапување кон НАТО, Локвенец истакна дека се очекува да биде финализиран на Лондонскиот самит во декември годинава.

Пред присутните Велингтон ја презентираше Стратегијата за жените, мирот и безбедноста, воедно изрази интерес и за предлозите, сугестиите во однос на унапредување на заштитата на жените, мирот и  безбедноста, почитувањето на човековите права, како и преземените чекори во нашата земја.

Таа ги охрабри Парламентот и Владата да работат на создавање подобри услови за жените учеснички во мировните мисии, како и нивна поголема вклученост.

Потпретседателката Ташевска-Ременски истакна дека е изготвен Акциски план на Резолуцијата 13/25 во период од 2012-2016  година, од страна на меѓуресорска работна група, а за поздравување е подготовката на втор акциски план кој има за цел имплементација на обврските произлезени од Резолуцијата. Во Собранието функционира Интерпартиска парламентарна група за помирување, како неформална група која би требало да иницира разговор и да произлезе со конкретен документ, а формирана е и Владина комисија за борба против насилен екстремизам и тероризам.

Пратеничката Ласовска предложи оваа Стратегија да биде разгледана и на дневен ред на Клубот на пратенички и да изготват ваков Акциски план.

Пратеникот Димитриев и поранешен заменик-министер за одбрана ја поздрави Стратегијата и изрази поддршка за инклузијата на жените во мирот и одбраната.

Присутните се согласија дека ова тема не е нова, но е доволно проактивна и повикаа на што поголема вклученост во нејзината имплементација, со цел превенција од попречување на партиципација на жените во политиката, како и унапредување на жените, мирот и безбедноста.

Click