Активности

Понеделник, 3 јули 2017 година

Прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија   

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на 1. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Годишен извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година
  2. Годишен извештај за работата на  Македонска радио телевизија за 2016 година
  3. Предлог-одлука за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година
  4. Предлог-одлука за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Aгенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година
  5. Предлог-одлука за давање согласност на предлогот на годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година
  6. Предлог-одлука за одобрување на Годишниот изештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2015 година
  7. Предлог-одлука за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2016 година
  8. Предлог - одлука за одобрување на Годишниот извештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2016 година
  9. Предлог-одлука за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2017 година
  10. Годишен извештај за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2016 година
  11. Годишен извештај за работата на Агенцијата  за пошти за 2016 година12 Предлог-одлука за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2017 година.

- Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година го образложи претставник на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, директорот Зоран Трајчевски

Во дискусијата учествуваа пратениците: Томислав Тунтев, Драган Данев, Слаѓана Митовска, Крсто Јовановски, Благој Бочварски, Стојан Миланов, Благојче Трпевски, Емилија Александрова и директорот Зоран Трајчевски.

На крајот од расправата, Комисијата со 5 гласа „за“ и 6 гласа „против“, не го усвои заклучокот со кој се предложи Собранието на Република Македонија да го разгледа овој Годишен извештај.

- Образложение на Годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија за 2016 година, даде претседателот на Програмскиот совет на МРТ, Снежана Клинчарова.

Покрај неа, во дискусијата учествуваа и пратениците: Диме Велковски, Невенка Стаменковска, Панчо Минов, Лилјана Затуроска, Благој Бочварски, Крсто Јовановски и Драган Данев.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, врз основа на член 122 став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, предложи да се побара од Македонската радио и телевизија доставување на информации за: гледаноста на интервјуто на премиерот Зоран Заев, потоа информација како оди наплатата по општини и информација за стоте дена балансирано информирање.

Овој предлог Комисијата едногласно го усвои.

Комисијата за транспорт, врски и екологија, 5 гласа „за“ и 6 гласа „против“, не го усвои заклучокот со кој се предложи Собранието на Република Македонија да го разгледа Годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија за 2016 година.

- Госпоѓа Снежана Клинчарова го образложи и Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио и телевизија за 2017 година.

Во дискусијата, покрај неа, учествуваа и пратениците: Реџаиљ Исмаили, Соња Мираковска, Ане Лашкоска, Јулијана Николова и Јован Митрески.Комисијата едногласно му предложи на Собранието да ја донесе оваа Одлука.

- На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство, присуствуваше директорот Горан Јандреоски, кој ја образложи Предлог-годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година.

Во дискусијата по Предлог-годишната програма, покрај директорот Јандреоски, учествуваа пратениците Благој Бочварски и Ане Лашкоска.

Директорот Горан Јандреоски ги информираше пратениците за добиениот допис од Обединети нации за врачен Сертификат на Советот на Собранието на Обединетите нации за постигнатиот напредокот на Цивилното воздухопловство на Македонија.

Комисијата едногласно му предложи на Собранието да ја донесе Одлуката за давање согласност на оваа Предлог-годишна програма.

- По Предлог-годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2017 година, образложение, исто така, даде директорот Јандреоски, а во дискусијата учествуваше пратеничката Весна Дамчевска-Илиевска.

Комисијата едногласно му предложи на Собранието да ја донесе Одлуката за давање согласност на овој Предлог-годишен финансиски план.

- Што се однесува на Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2015 година, образложение даде директорот на истата, Никола Костадиновски.

Во дискусијата уште учествуваа пратениците: Благој Бочварски, Лилјана Затуроска, Невенка Стаменковска, Слаѓана Митовска, Драган Данев и Васил Пишев.

На крајот од расправата, Комисијата со 5 гласа „за” и 6 „против” не го усвои предлогот Собранието да донесе предлог-одлука за одобрување на овој Годишен извештај.

- Директорот Костадиновски ја образложи и Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2016 година, а во дискусијата учествуваше пратеникот Реџаиљ Исмаили.

Комисијата едногласно му предложи на Собранието да донесе Одлуката за одобрување на оваа Годишна програма.

- Во однос на Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2016 година, образложение повторно даде директорот Никола Костадиновски.

Во дискусијата учествуваа пратениците: Стојан Миланов, Невенка Стаменковска и Благој Бочварски.

На крајот од расправата, Комисијата со 4 гласа „,за“ и 6 „против“, не го усвои предлогот Собранието да донесе Предлог-одлука за одобрување на овој Годишен извештај.

- Директорот Костадиновски уште ја образложи Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2017 година, додека во  дискусијата учествуваа пратениците: Дафина Стојановска, Слаѓана Митовска и Благој Бочварски.

Комисијата едногласно му предложи на Собранието да донесе Одлуката за одобрување на оваа Годишна програма.

- На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Агенцијата за електронски комуникации, присуствуваше Горан Велинов, заменик-претседател на Агенцијата, кој го образложи Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2016 година.

Во дискусијата уште учествуваа и пратениците: Слаѓана Митовска, Иван Иванов и Благој Бочварски.

На крајот од расправата, Комисијата со 5 гласа „за” и 6 „против”, не го усвои заклучокот со кој се предложи Собранието да го разгледа овој Годишен извештај.

- Во својство на претставник на Агенцијата за пошти, присуствуваше директорот Влатко Атанасоски, кој го образложи Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2016 година.

Во дискусијата, покрај директорот Атанасоски, учествуваа и пратениците: Диме Велковски, Благојче Трпевски Иван Иванов, Хари Локвенец и Панчо Минов.

На крајот од расправата, Комисијата со 5 гласа „за” и 6 „против”, не го усвои заклучокот со кој се предложи Собранието да го разгледа овој Годишен извештај.

- Директорот Атанасоски ја образложи и Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2017 година, а во дискусијата учествуваа пратениците: Благој Бочварски, Дафина Стојаноска и Драган Данев.

Комисијата едногласно му предложи на Собранието да ја донесе Одлуката за одобрување на оваа Годишна програма.

Click