Активности

Понеделник, 3 септември 2018 година

Работна средба на генералната секретарка Иванова со парламентарни секретари од Република Бугарија

Генералната секретарка на Собранието на Република Македонија, Цветанка Иванова, заедно со претставници од собраниската служба, оствари работна средба со парламентарни секретари од Република Бугарија, кои беа во посета на македонскиот законодавен дом.

Гостинската делегација ја сочинуваа парламентарни секретари на Министерскиот совет, Владата, Министерства и Јавното обвинителство на Република Бугарија.

Во пријатна и непосредна атмосфера, присутните имаа можност да разменат мислења и искуства за функционирањето на двата Парламента, начинот на работа на Комисиите и парламентарната служба.

Претставниците од македонскиот и бугарскиот законодавен дом изразија задоволство од средбата и заложби за заеднички идни проекти и продлабочување на парламентарната соработка. 

Click