Активности

Вторник, 15 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со црногорската В.Д. амбасадорка, Милачиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денес оствари работна средба со црногорската В.Д. амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Г-ѓа Јелена Милачиќ. Средбата беше информативна, се разговараше за актуелностите во законодавниот дом, односно уставните измени и идните фази на имплементација на Договорот од Преспа кој што ќе овозможи исполнување на условите за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и почеток на преговорите за интегрирање во Европската Унија. Оваа средба е уште една од низата предвидени средби со амбасадорите на земјите членки на НАТО. 

Click