Активности

Понеделник, 3 февруари 2020

Разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 46. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство (во прво читање).

Воведно образложение по Предлог-законот даде државниот секретар во Министерството за економија, Зоран Павловски. Тој истакна дека во мај 2019 година биле донесени Законот за прекршоците и Законот за инспекциски надзор.

Со Законот за прекршоците се уредуваат општите услови за пропишување на прекршоци и прекршочни санкции, општите услови за утврдување на прекршочна одговорност за изрекување и извршување на прекршочни санкции и се пропишува прекршочна постапка што ја водат судовите и прекршочните органи, додека со Законот за инспекциски надзор се уредуваат основните начела на инспекцискиот надзор, статусот, постапката на вршење инспекциски надзор, посебните дејствија во инспекциската постапка, односите на инспекциските служби и надлежните органи, како и спроведувањето на законот.

Следствено, се јавила потребата да се извршат измени на одредбите со кои се уредуваат прекршоците и надлежноста на инспекциските служби утврдени во Законот за занаетчиство, со што пропишаните глоби ќе бидат во рамките на предвидените граници утврдени со новиот Закон за прекршоци, ќе се реуреди надлежноста за водење на прекршочната постапка, усогласи утврдувањето на прекршочната одговорност, исто така се врши усогласување со Законот за инспекциски надзор во делот на надлежностите на инспекциските служби и поставување на превентивниот пред репресивниот аспект на инспекцискиот надзор, преку воведување на опомена како примарна инспекциска мерка.

Комисијата за економски прашања со шест гласа „за“ заклучи дека овој Предлог-закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click