Активности

Среда, 29 јануари 2020

Разгледан Предлогот на законот за урбанистичко планирање

Комисијата за транспорт, врски и екологија, на својата 42. Седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за урбанистичко планирање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Претседателката на Комисијата, Лилјана Затуроска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, се поднесени 235 амандмани по Предлогот на законот.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: Диме Велковски, Мирослав Јовановиќ, Лилјана Затуроска, Слаѓана Митовска, Лилјана Поповска, Панчо Минов, Реџаиљ Исмаили, Ане Лашкоска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Комисијата за транспорт, врски и екологија го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

Click