Активности

Понеделник, 19 март 2018 година

Седма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на денешната 7. седница, како матично работно тело го разгледа Предлог- законот  за изменување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, поднесен од пратениците Јован Митрески, Ејуп Аљими, Хари Локвенец, Далибор Богдановски и Агим Шаќири (во прво читање).

Воведно образложение по Предлог - законот даде претставникот на предлагачите, пратеникот Далибор Богдановски.

Тој истакна дека целта е да се надмине фактичката состојба во однос на условот за именување на директор и заменик директор, а што се однесува на психолошкиот тест и тестот за интегритет.

Во однос на конкретниот тест, истиот е често користена алатка за проверка на психолошките карактеристики на кандидати за определени работни места, но проблем претставува фактот што во Република Македонија не постојат овластени правни лица кои располагаат со соодветен стручен кадар за развивање соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција, вклучувајќи ги и избраните и именуваните лица. 

Комисијата за економски прашања со шест гласа „за“ заклучи дека Предлог-законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click