Активности

Среда, 30 октомври 2019 година

Седница на Националниот совет за одржлив развој 

Пратеникот Реџаиљ Исмаили, во својство на член и двајца членови од Службата, како дел од техничката работна група на Националниот совет за одржлив развој, денеска, во хотел Александар Палас во Скопје, присуствуваат на седница на Националниот совет за одржлив развој. 

Тема на седницата е „Унапредување на климатската акција во Република Северна Македонија“. Оваа средба е на високо ниво, а на неа е предвидено да се оддржи и техничка информативна сесија за отвoрање на првиот повик за проектни идеи за финансирање на ЗКФ во Република Северна Македонија.

Покрај тоа на седницата ќе се презентираат и резултатите од првиот ЗКФ проект во Република Северна Македонија и ќе се изврши валидација на Националниот Координативен Механизам на ЗФК, механизмот и критериумите за приоретизација, како и процедурата „Без приговор“ за проекти развиени во Северна Македонија, кои државата би ги поднела на увид и можно одобрување во ЗФК. 

Click