Активности

Вторник, 5 ноември 2019 година

Седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот 

Постојаната  анкетна комисија за заштита  на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонија, денеска го одржа второто продолжение на Десеттата седница на која ја разгледуваше содржината на Предлог-заклучоците произлезени од Јавната расправа на тема: Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија и од Извештајот на Работната група на Комисијата за посета на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија.

Со седницата претседаваше Фадил Зендели, претседател на Комисијата и по одделни забелешки од членовите на Комисијата едногласно одлучија да се усвојат Заклучоци на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, со кои треба да се запознае Владата на Република Северна Македонија, Министерството за правда, МТСП, Министерство за здравство и Управата за извршување на санкциите и сите засегнати институции и истите треба да бидат објавени на веб-страницата на Собранието на Република Северна Македонија.          

 заклучоци

Click