Активности

Среда, 26 декември 2018 година

Седумнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија на 17. седница, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, од Министерството за информатичко општество и администрација присуствуваа министерот Дамјан Манчевски и претставникот Ана Малцева. 

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесени се вкупно 81 амандман по Предлогот на законот, од кои пред почетокот на седницата од страна на предлагачите повлечени се 6 амандмани.

Поради иста содржина, се одржа заеднички претрес и поединечно гласање по осум амандмани. Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: Слаѓана Митовска, Реџаил Исмаили, Диме Велковски, Никола Мицевски, Невенка Стаменковска, Зоран Илиоски, Костадин Ацевски. Лилјана Поповска, Илија Николовски, Павлинче Честојнова, Горан Милевски, Илија Димовски, Димитар Стевананџија, Томислав Тунтев, Панчо Минов и Благоја Деспотоски.

Врз основа на членот 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за транспорт, врски и екологија на овој Предлог-закон поднесе пет амандмани и едногласно ги усвои истите.

Во Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, вградени се 24 амандмани усвоени од матичното работно тело Комисијата за транспорт, врски и екологија и усвоени од Законодавно-правната комисија.

По расправата, Комисијата за транспорт, врски и екологија го проследи Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click