Активности

Понеделник, 21 јануари 2019 година, Букурешт

Шахпаска:Стабилен Балкан значи стабилна Европа

На дводневната Конференција на комисиите за европски прашања, која вчера и денеска се оддржува во Букурешт, учествува и делегацијата на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија во состав: Јагода Шахпаска, Агим Шаќири и Жаклина Пешевска. 

Во рамките на отворањето на Конференцијата воведни обраќња имаа претседателот на романскиот сенат, Калин Попеску Таричану, како и потпретседателот на претставничкиот дом, Флорин Јордаке. 

Во дебата за реализацијата на приоритетите на романското претседателство со Советот на Европксата Унија свое излагање имаше и пратеничката Јагода Шахпаска која истакна дека Македонија конечно го надмина спорот со Република Грија, поради кој со години бевме во чекалната на Европската унија со што ја завршивме првата фаза од имплементацијата на Договорот од Преспа, а тоа е реализацијата на уставните измени. Таа додаде дека Македонија потпиша и Договор за добрососедство и пријателство со Република Бугарија, со што ги потврди заложбите за негување на добрососедските односи со сите наши соседи, што е предуслов за просперитетo и развој. 

Пратеничката Шахпаска истакна дека во нејзиниот реформски процес Македонија се фокусира и на четирите клучни реформски области наведени во Заклучоците на Советот од јуни 2018 година: судството, борбата против корупцијата, реформи во разузнавачките и безбедносните служби, како и реформите во јавната администрација.

На крајот на нејзиниот говор, пратеничката Шахпаска подвлече дека целта на нашата земја е до крајот на ова претседателство, да направиме видлив напредок во домашните реформи, и земјите-членки на ЕУ да усвојат политичка одлука за почеток на пристапните преговори во јуни 2019 година и дека го цениме фактот дека меѓу приоритетите на романското претседателство е и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, зашто стабилен Балкан значи стабилна Европа.

Click