Активности

Четврток, 21 декември 2017 година

Шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 6. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  • Предлогот на законот за изменување на Законот за електронските комуникации;
  • Предлогот на законот за изменување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа;
  • Предлогот на законот за урбано зеленило, поднесен од пратениците: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Благој Бочварски, Диме Велковски и Ејуп Алими.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше заменикот на министерот за информатичко општество и администрација, г. Александар Бајдевски.

Во образложението по првите два Предлог-закона од страна на претставникот на Владата и по третиот од страна на предлагачот - пратеничката Лилјана Поповска, тие ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Комисијата за транспорт, врски и екологија со по 6 гласа „за“ по трите Предлог-закони, го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија констатира дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.
Click