Активности

Понеделник, 5 март 2018 година

Шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 6. седница одржана на 1 март 2018 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување на Законот за безбедност на храната, поднесен од пратениците: Ејуп Аљими, Јован Митрески, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ;
  2. Предлогот на законот за изменување на Законот за основање на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, поднесен од пратениците: Ејуп Аљими, Јован Митрески, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ;
  3. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, поднесен од пратениците: Ејуп Аљими, Јован Митрески, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ;
  4. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата, поднесен од пратениците: Ејуп Аљими, Јован Митрески, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ; 
  5. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција, поднесен од пратениците: Ејуп Аљими, Јован Митрески, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ;
  6. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државниот инспекторат за земјоделство, поднесен од пратениците: Ејуп Аљими, Јован Митрески, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ;
  7. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој (поднесен од пратеникот Панчо Минов);
  8. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното (поднесен од пратеникот Панчо Минов);

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Благе Цветковиќ, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Овластените предлагачи на Предлог-законите пратениците Татјана Прентовиќ и Панчо Минов ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите. 

На крајот од расправата, Комисијата без дискусија, со 6 гласа „за“ и без гласови „воздржан“ и „против“ оцени дека горенаведените Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Освен за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за виното, за кои Комисијата заклучи дека не се прифатливи и не треба да се дадат на натамошно читање.





Click