Активности

Вторник, 21 ноември 2017 година, Брисел

Собраниска делегација на Конференција во Брисел

За време на  Конференцијата посветена на поместувањето на јазот помеѓу младинските политики, младинската партиципација и пратениците во организација на Европскиот парламент во Брисел, свое учество имаа и пратениците од Собранието на Република Македонија: Ивана Туфегџиќ, Димитар Стевананџија, Агим Шакири и Теута Биљали.

Конференцијата претставува конгломерат и собир на пратеници од националните парламенти од регионот, интересни групи и невладини организации посветени на младинските политики, како и бројни претставници од Европската комисија и други иституции на Унијата.

На сесиите беа отоворени теми во насока на креирање на мрежи на клубови за млади поддржани од страна на пратениците во Европскиот парламент, преку кои младите, младинските организации и подмладоците ќе ги адресираат приоритетите и ќе се осигураат дека истите ќе бидат слушнати, истовремено, и во земјите од Западен Балкан и од ЕУ.

Пратеничката Туфегџиќ во своите бројни излагања, информираше за степенот на реализација на реформите посветени на младинските политики во Република Македонија. Таа ги запозна со активностите кои се преземаат во Собранието на Република Македонија во поглед на промовирањето на младинските политики, и со формирањето на парламентарна група, односно Клуб за младински политики којшто има силна поддршка, истовремено, и од позицијата и од опозицијата.

Зборуваше за активностите во поглед на канцеларијата РИКО, како и интегрираноста на невладините организации во поглед на овие политики кон институциите на земјата. Една од темите за кои пратеничката Туфегџиќ зборуваше беше и изградбата на одржлив систем и мрежа кои ќе поврзуваат и интегрираат.

И останатите пратеници земаа активно учество на Конференцијата. Тие имаа бројни средби со своите колеги од регионот и од Европскиот парламент сè во насока на промовирање на Република Македонија и размена на искуства и мислења.

Click