Активности

Четврток, 20 февруари 2020

Собраниска делегација на Конференција за зајакнување на соработката помеѓу парламентите и државните ревизорски институции

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска; заменик-претседателот на Комисијата за економски прашања, Агим Шаќири и членот на Комисијата за финансирање и буџет, Диме Велковски, на 20 и 21 февруари 2020 година учествуваат на  Конференција на која се дискутира за најдобрите практики и механизми за зајакнување на соработката помеѓу Парламентот и Државната ревизорска институција. Конференцијата се одржува во Пржно, Република Црна Гора, во организација на СИГМА (OECD), а поддржана од Европската Унија.

На конференцијата свое воведно обраќање имаа Бранимир Гвозденовиќ, потпретседател на Парламентот на Црна Гора и г. Милан Дабовиќ, претседател на Државната ревизорска институција на Црна Гора.

На една од панел дискусиите учесниците се запознаа со начинот на разгледување на конечните ревизорски извештаи во Шведска, Латвија и Словенија. Се дискутираше за улогата на ДЗР и Парламентот во надзорот и контролата на трошењето на јавните средства, придобивките од подобрување на соработката, начинот и модалитетите на разгледување на конечните ревизорски извештаи. Се нагласи дека при разгледување на конечните ревизораки извештаи треба да постои високо ниво на единственост помеѓу различните политички опции во Парламентот. Разгледувањето на ревизорските извештаи треба да биде објективно, а пристапот во нивното третирање да биде унифициран, транспарентен, објективен, со високо ниво на стручност во читањето, разбирањето и одлучувањето по конечните ревизорски извештаи.     

Click