Активности

Среда, 16 мај 2018 година, Сараево

Собраниска делегација на регионална средба за родова еднаквост и корупција

Делегација на Собранието на Република Македонија, престaвена од пратеничките Ѓулумсер Касапи, Лилјана Кузмановска и Катерина Кузмановска, вчера учествуваше на регионална средба во Сараево, организирана од Мисијата на OБCE во Босна и Херцеговина, во соработка со канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права и ОБСЕ  организацијата за безбедност и соработка во операциите на Европа во регионот, на тема „Родова еднаквост и корупција“. 

Родовиот фокус во антикорупциските мерки преку вклучување на родовата еднаквост во политиките на креирање на закони и нивната вистинска примена, беа основна димензија на регионалната средба.

Повеќе од 30 учесници, меѓу кои пратеници, носители на извршни позиции и експерти од Република Македонија, Република Албанија, Република Хрватска, Република Црна Гора, Република Србија и Федерацијата на Босна Херцеговина, споделија компаративни искуства во однос на имплементирањето на родовиот аспект во  националните законодавства.

Заклучокот кој произлезе од регионалната средба во Сараево, беше создавање на механизми со кои ќе се дизајнира заедничката политика за родова еднаквост помеѓу земјите од регионот, продолжување и продлабочување на регионалната соработка. 

Click