Активности

Четврток, 29 ноември 2018 година, Брисел

Собраниска делегација на средба со европратеници

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во состав: Ејуп Алими, Мери Лазарова и Никола Мицевски која беше во дводневна работна посета на  Брисел, вчера имаше средби со известувачот на Комисијата за надворешна политика во Еврпскиот парламент за Република Македонија, Иво Вајгл,како и со европратениците: Кнут Флекенштајн, Едуард Кукан, Алојж Петерле и Рајнхарт Бутикофер. На средбите, кои се одржаа непосредно пред раправата по Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2018 година од страна на нашата делегација беше потврдена определбата на земјата за евроатланската интеграција и подотвеноста за реализација на ЕУ реформите кои ги бара од нас ЕУ.

Европратениците осврнувајќи се на текстот на Резолуцијата за Македонија искажаа позитивни мислења за постигнатиот напредок во реформите во изминатата година, но дека реформскиот курс на Владата треба да продолжи и наредната година, за да во јуни добиеме датум за почеток на преговорите за ЕУ членство од страна на Европскиот совет. Притоа беше изразена надеж дека уставните измени кои произлегоа по ратификацијата на Преспанскиот договор со Република Грција успешно ќе бидат усвоени во Собранието на Република Македонија, со што земјата ќе направи позитивен и значаен исчекор во евроинтегративниот процес надминувајќи го долгогодишниот спор со соседна Грција за разликите со употребата на името на Република Македонија. Во таа  насока, беше истакнато дека во целиот овој процес е значајна целокупната инклузивност.

Делегацијата присуствуваше и на пленарната седница на Европскиот парламент  на која се расправаше за Резолуцијата.

Click