Активности

Четврток, 10 октомври 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНОТО СОБРАНИЕ И СЕНАТОТ НА ФРАНЦУСКАТА РЕПУБЛИКА 

По покана од г. Бертран Сор, претседател на Групата за пријателство Франција-Северна Македонија на Националното собрание на Француската Република, Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република во состав: г. Панче Иванов, претседател, г. Бетиан Китев, г-ѓа Лидија Тасевска, г. Никола Попоски, г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, г-ѓа Даниела Рангелова и г. Фадил Зендели, членови на оваа Пратеничка Група се на возвратна работна посета на Националното собрание и Сенатот на Француската Република која се реализира  од 8 до 10 октомври 2019 година.

 

За време на првиот и вториот ден од посетата, Делегацијата  оствари средби со г-ѓа Летисија Сен Пол, потпретседател на Националното собрание, со Групата за пријателство Франција-Северна Македонија, со собранискиот етичар, со г-ѓа Сабин Тије, претседател на Комисијата за европски прашања, со г. Бертран Деле, претседател на парламентарниот ТВ канал, со г-ѓа Миреј Клапо, потпретседател на Комисијата за надворешни прашања на Националното собрание, со г-ѓа Марта де Сидрак, претседател на Интерпарламентарната група за пријателство Франција-Западен Балкан на Сенатот на Француската Република, со г. Кристиан Камбо, претседател на Комисијата за надворешни прашања, одбрана и вооружени сили на Сенатот и со г. Жан Бизе, претседател на Комисијата за европски прашања во Сенатот.

На овие средби, како од претседателот, така и од членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република беше истакнато дека политичките односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република се на високо ниво и истите ги карактеризира континуиран и продлабочен политички дијалог, како и фактот дека потврда за тоа претставува и континуираната размена на посети на високо и највисоко ниво, како од француски пратеници и сенатори, така и на министерско ниво.

 

Исто така, тие наведоа дека во функција на зацврстување на регионалната стабилност, Република Северна Македонија посветува големо внимание на добрососедските односи кои се конкретизираат со средбите на највисоко ниво со Албанија, Косово, Република Србија, Бугарија и позитивните билатерални односи со Грција по потпишување на Преспанскиот договор. Слободно може да се заклучи дека Република Македонија служи како пример во регионот за начинот на решавање на меѓусебните проблеми. Тие го подвлекоа фактот дека токму заради овој факт, Република Северна Македонија заслужува да добие датум за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.

Политичките претставници од Националното Собрание и од Сенатот на Француската Република наведоа дека по изјавата на францускиот претседател Макрон во Белград, Француската Република ќе биде многу поприсутна на Балканот. Тие наведоа дека дипломатските односи меѓу двете земји се постојани и добри и дека Република Северна Македонија ја имала поддршката од Француската Република уште од прогласувањето на независноста и за Охридскиот рамковен договор. Потоа, тие наведоадека ќе ја подржат евроатлантската перспектива на Република Северна Македонија.

Делегацијата беше известена дека во Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Француската Република е дадено зелено светло за зачленување на нашата земја во НАТО, додека Пристапниот Протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО во францускиот Сенат ќе се ратификува на 17 октомври 2019 година. 

Click