Активности

Понеделник, 25 јуни 2018 година

Собраниската комисијата за надзор над работата на АР и УБК ја посети Агенцијата за разузнавање

Членовите на Комисијата се интересираа за безбедносните предизвици со кои се соочува Република Македонија во делот на стратешките определби, глобалните закани и илегалната миграција. Членовите на Собраниската комисија констатираа дека е неопходна потребата од дополнително унапредување на законската рамка поврзана со стратегиското следење на комуникациите, како и на Законот за Агенција за разузнавање, со цел поголема компатибилност и ефикасност пред новите глобални и стратешки безбедносни предизвици.

Раководниот кадар на АР, пред членовите на Комисијата ги презентираше сите сегменти од актуелните безбедносни предизвици врз Македонија и регионот, подготовките за имплементација на обврските кои произлегуваат од полноправно членство во НАТО, тековните оперативни активности на Агенцијата, меѓународната соработка, размената на информации со институциите корисници на информации во Република Македонија, структурата на вработените, буџетските расходи, како и потешкотиите со кои се соочува службата.

Заеднички е констатирана потребата од почеста комуникација на Собраниската комисија и Агенцијата, како и зголемена заложба за поддршка за градење на капацитетите на институцијата. 

Click