Активности

Петок, 24 ноември 2017 година, Женева

Собраниски комисии на експертска дебата во Женева

Од 21 до 23 ноември пратеници од Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за контрола на работата над УБК и АР и Комисијата за надзор на следењето на комуникациите и директорите на разузнавачко-безбедносните институции на Република Македонија, во Женева, учествуваа на експертска дебата за реформата на разузнавачката заедница и зајакнување на парламентарниот надзор.

Настанот беше организиран од DCAF, а поддржан од Владата на Швајцарија.

Во духот на стратешката соработка помеѓу DCAF и Собранието на Република Македонија беше изготвен и прифатен акциски план со активности за експертска помош на работните тела на Собранието на Република Македонија.

Click