Активности

Понеделник, 26 ноември 2018 година

Собраниски комисии на обука за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија

Комисијата за образование, наука и спорт и Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонинија зеде учество на дводневната обука во Струга, на тема „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија”, во организација на првата детска амбасада во светот, Меѓаши. 

На обуката учествуваа претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Жаклина Лазаревска, како и членовите и замениците на двете комисии: Чедомир Саздовски, Весна Дамчевска-Илиевска, Лидија Тасевска, Слаѓана Митовска, Жаклина Пешевска, Теута Биљали и Татијана Лалчевска.

Во текот на обуката, свое излагање и презентација, покрај претставниците на Првата детска амбасада Меѓаши, имаа и претставниците од Младинскиот образовен форум и организацијата СЕГА. 

Презентациите беа во насока на унапредување на детските права, преку имплементација на Конвенцијата за правата на детето. Исто така, се работеше на акциските планови на Комисијата за образование, наука и спорт и Комисијата за труд и социјална политика, во кои беа вметнати идеи и размислувања за измена на неколку законски решенија со кои би се унапредиле детските права.

Click