Активности

Четврток, 21 март 2019 година

Средба Мисовски - Терлецки

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски и Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска остварија средба со Ришард Терлецки, заменик-претседател на полскиот Сејм. Терлецки упати честитки за усвоените уставни измени кои го отворија патот на Република Северна Македонија да може да продолжи со процесот на интегрирање во НАТО.

Република Полска Ја подржува Република Северна Македонија во аспирациите за членство во НАТО и ЕУ.

Од потпретседателот на Собранието Мисовски беше изразено уверување дека Собранието ќе продолжи докрај да ги исполнува обврските кои извираат од Договорот со Грција. 

Во минатиот период земјава се наоѓаше пред навистина тешки, меѓутоа неопходни одлуки, кои мораа да се донесат за доброто на граѓаните и за доброто на државата, имајќи предвид дека членството во НАТО и ЕУ се наши стратешки определби за кои постои широк политички консензус уште од самото осамостојување. Политичките, реформските и економските критериуми покажуваат дека Северна Македонија се движи во позитивна насока, рече Кузмановска, за реформските закони процесот е инклузивен со опозицијата.

Мисовски информираше за забрзаната динамика на ратификацијата на Протоколот во националните парламенти. Од Полска дојде уверување дека најверојатно Протоколот ќе биде потпишан во месец мај и дека тоа ќе биде едногласно направено во полскиот Сејм.

Click